| четврток, 6 декември 2018 |

Велешанец проневерил 30.000 евра од продавница за погребална опрема

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицата И.Б.(65) , Ќ.Н.(55) и Љ.В.(57) сите од Велес, поради основи за сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги, а второ и трето пријавените сториле кривично дело несовесно работење и фаслификување или уништување деловни книги.

Првопријавениот додека работел како службено лице-продавач на погребална опрема во ЈКП „Дервен“ , со намера да се стекне со противправна имотна корист присвоил пари од продадена погребална опрема , која опрема во пописната листа од 31.12.2012година ја пријавил како затекната во продавницата, а второ и трето пријавените како претседател и член на пописна комисија пропуштиле должен надзор и не ги исполниле своите должности, односно, ги потпишале пописните листи без да бројат и попишуваат, со што му овозможиле на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист а на штета на ЈКП Дервен во износ од 1.837.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top