Денеска се навршуваат 125 години од кога во 1889 година во Париз е завршена изградбата на Ајфеловата кула, тогаш највисока градба на светот.
Металната кула висока 300 метри, сега околу 320 поради тоа што има ТВ-антени и антени за мобилни телефонии, прво била планирана само како експонат, а воедно и како главна капија за влез на светската изложба со која се одбележува 100-годишнината од Француската револуција.
Кога кулата била изградена, многу парижани сметале дека е многу грда и дека не треба да ја има. Но, таа стана симбол на градот, а уште на почетокот била сметана за еден вид ремек-дело. Денес Ајфеловата кула е најпознат симбол на Париз. Годишно ја посетуваат повеќе од пет милиони луѓе.
Кулата го добила името по инженерот Густав Ајфел, кој го предводел тимот стручњаци, а претходно се истакна како градител на мостови, но и металните конструкции за Статуата на слободата.
Се говори дека во еден од рестораните секојдневно ручал францускиот писател Ги де Мопасан, не затоа што местото му се допаѓало, туку затоа што тоа било единствено место во Париз од каде што не се гледала кулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
„Јавна соба“ слави три години постоење