| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем – топовско месо за водечките тимови

Тотенхем вчера доживеа убедлив пораз од Ливерпул и со тоа практично завршија сите надежи за Спарс следната сезона да игра во Лигата на шампионите.

Меѓутоа, тоа не е најлошата работа оваа сезона за подмладениот тим на Тотенхем. Со поразот од Ливерпул ги комплетираа натпреварите со екипите од „топ 4“ во Премиер-лигата, а вкупниот резултат против тие тимови е очаен за Тотенхем.

Во осумте натпревари одиграни со четирите првопласирани тимови, Тотенхем од можните 24 освоил само еден бод, покрај тоа тие постигнале само два гола, а примиле дури 27.

Ваков резултат немаат ни најслабите екипи во Премиер-лигата, а не еден од претендентите за пласман во Лигата на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top