Македонскиот ракометен клуб Металург го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Колдинг.
Прекрасна игра на избраниците на Лино Червар по 30 минути во Данска (13-15). Новопочениот репрезентативец Ренато Вугринец по 13 постгнати гола во првиот натпревар продолжува во реваншот да го решета голот на Колдинг. Тој успеа да постигне дури осум гола. Одличен на голот е и српскиот интеранационалец Дарко Станиќ кој успеа да одбрани неколку тешки удари и два пенала. За одбележување е одбраната на Металург која не дозволува лесни удари. Павел Атман докажува дека e одличен играч. По двете исклучувања речиси во исто време на играчите на Металург тој успеа да постигне два гола со два играчи помалку. Играчите на Колдинг не прикажаа речиси ништо и со груба игра и притисок до судиите сакаат да се извадат за лошиот резултат.
Со ваква игра Металург и со предноста од шест голови од првиот дел не смее да ја пропушти шансата за пласман во четвртфиналето и повторување на историскиот успех од минатата година за македонскиот ракомет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


