
Лекарите добро котираат на кандидатските листи на партиите за претстојните парламентарни избори. Тие се најдоа на почетокот на самите листи, а за аналитичарите тоа воопшто не е изненадувачки ако се земе впредвид дека оваа професија отсекогаш привлекувала најмногу гласачи и ја зголемувала довербата во партиите.
Врвни доктори и специјалисти стетоскопите ќе ги заменат со дискусии и гласање закони во Собранието. На новите пратенички листи познати доктори ќе бидат дел од идните пратеници. Аспазија Софијанова, педијатар од Клиниката за детски болести, и токсикологот Андон Чибишев, Оливер Зафировски се на листата на ВМРО-ДПМНЕ. Хирургот Зоран Ѓоргиевски не победи на минатогодишните локални избори кога беше кандидат за градоначалник на Куманово, но сега е трет на листата на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник на предвремените парламентари избори. Хирургот Ален Горгиев и Даница Рамбабова од Штип се на лиситите на СДСМ. Бујар Османи, пак, се најде на листата на ДУИ.
– Граѓаните ги сакаат и им веруваат на докторите. Во микросредини како нашите, тие уживаат голем углед. Така е отсекогаш, покрај адвокати и правници, и лекарите да седнат во пратеничка фотелја. На анкетите во 2011 година докторите беа посакувани како пратеници – вели Марко Трошанкоски, директор на „М-проект“, агенција за истражување на јавното мислење во изјава за Канал 5.
Комуниколозите објаснуваат дека најчесто сите доктори, освен во нивната добра стручност, се покажале и како добри менаџери, па затоа и се во изборот за пратенички листи. Но, и докторите уживаат во политиката, вели Трошановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев
-
Лекарите го исклучија од апарати спротивно на желбата на родителите, но детето е уште живо


