Меѓународниот проект насловен „Мостовите на Балканот зборуваат“, кој УНЕСКО го организира во земјите од Југоисточна Европа и кој има цел доближување на балканскиот идентитет и култура, веќе се одржа минатата година во Едрене, Турција и Ловеч, Бугарија, а оваа година продолжува во градот Берат во Албанија, каде што од 27 до 30 март ќе се одржат голем број манифестации за зближување на балканските култури.
Централниот симпозиум под наслов „Културната комуникација меѓу градовите на УНЕСКО на Балканот“ ќе го претседава ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје, господин Јордан Плевнеш. По Берат, настанот ќе се пресели во Риека, Црнојевиќа во Црна Гора, Мостар во Босна и Херцеговина, а кон крајот на оваа година домаќин на настанот ќе биде Струга и Мостот на поезијата.
Фактот што ректорот на Универзитетот ЕСРА и амбасадор на Македонија, господинот Јордан Плевнеш, претседава со оваа конференција е големо признание за македонската дипломатија бидејќи овој викенд во Берат ќе пристигне и генералната директорка на УНЕСКО, г-ѓа Ирина Бокова, во придружба на министерката за култура на Албанија, г-ѓа Мирела Кумбаро, кои со свои излагања ќе се обратат на конференцијата со апел за европеизација на Балканот и симболиката на историското зближување на балканскиот идентитет и култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.