| четврток, 6 декември 2018 |

Потрагата по исчезнатиот малезиски авион продолжува со 10 брода и 10 авиони

444850_malezija-avion-image.adapt.445.low_f
Десет брода и десет авиони денеска ја продолжија потрагата по исчезнатиот малезиски авион во Индиски Океан, западно од австралискиот град Перт .

Потрагата по исчезнатиот малезиски авион продолжува со 10 брода и 10 авиони.

Во текот на денот во потрагата ќе се вклучи и австралискиот воен брод „Оушн шијлд“, кој има американски локатор за црни кутии и подводен робот за пребарување.

– Потрагата по исчезнатиот авион може да трае со години. Во моментот се прабарува целиот Индиски Океан поради што потрагата се одвива бавно – изјави американскиот капетан Марк Матјус од воената база „Старлинг“, која е одговорна за функционирање на американската техника на бродот „Оушн шијлд“.

Малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот исчезна од цивилниот радар на 8 март набрзо по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top