| четврток, 6 декември 2018 |

Тимошенко се кандидираше за претседател на Украина

timosenko

Украинската партија „Баткившчина“ (Татковина) ја поднесе кандидатурата на својот лидер Јулија Тимошенко за претседател на земјата за изборите закажани за 25 мај. Одлуката беше донесена денеска на Конгресот на партијата во Киев, пренесе ИТАР-ТАСС.

Во својата изјава пред делегатите поранешната премиерка го повика „народот да се обедини“.

– Доста војувавме, треба да ги најдеме оние зборови, оние принципи, кои на земјата ќе и дадат нова енергија – рече Тимошенко.

Таа, исто така, изјави дека е одлучна да води персонална војна против олигарсите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top