| четврток, 6 декември 2018 |

И Скопје дел од акцијата „Час на планетата земја“

skopjeCasZemja

Во Скопје вечерва во 20 часот и 30 минути на повеќе локации беа изгаснати светликите со што симболично беше одбележан Часот на планетата Земја кога во целиот свет се праќа апел за штедење на енергијата и за намалување на климатските промени.

– Сакаме да упатиме порака дека единствено само со здружена акција на сите актери, како што е денешниот пример на националната и локалната власт, на невладиниот сектор, на волонтерите и на сите граѓани на државата, можеме да придонесеме за намалување на климатските промени – истакнаа организаторите.

Светлата беа изгаснати на плоштадот „Македонија“, Камениот мост, скопската тврдина „Кале“, како и на поголемите плоштади во скопските општини Аеродром и Кисела Вода.

Главниот град на Македонија беше еден од седумилјадите градови каде што згаснаа милиони светилки за спас на планетата Земја.

Движењето започна пред 10-тина години и од година во година добива се повеќе приврзаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top