Прилепчанец заработи кривична пријава за измама. Полицијата од Крушево до јавното обвинителство Прилеп поднело кривична пријава против З.А. од Прилеп кој минатата година престојувал во Крушево за време на манифестацијата “Ултра маратон Тоше Проески -2012“ од Нова Градишка –Крушево. Тогаш се запознал со Д.И. од Словенија.
Тој лажно претставувајќи селажно рекол дека покрај тоа што пред пет години учествувал на маратонот, бил еден од членовите на Организациониот одбор на маратонот. Се „пожалил“ дека Организациониот одбор на манифестацијата се соочувала со финансиски проблеми и дека не може да ги покрие трошоците на маратонот.
Оштетената којашто била доведена во заблуда во еден момент во џебот на З.А., ставила пари кои тој, според нејзината намера, требало подеднакво да ги подели на учесниците на маратонот како подарок од фановите на Тоше Проески од Словенија.
Пријавениот по средбата заминал во тоалет ги извадил парите од џебот и видел дека има 1.600 евра (11 банкноти од по 100 евра и една банкнота од 500 евра), а потоа околу 15 часот заминал од Крушево. Истиот ден се упатил во Скопје заедно со негови другари на фудбалскиот натпревар Македонија-Србија.
Оштетената кога дознала дека нема такво лице во Организациониот одбор на манифестацијата и дека парите не се поделени на учесниците на маратонот веднаш побарала од директорот на Фондацијата “Тоше Проески“ да ја пријави измамата во полиција.
Додека пријавениот бил во Скопје нему му се јавил неговиот татко кој му кажал дека дома го барале полициски службеници, така што пријавениот сфатил оти измамата е откриена и, според неговиот исказ, во револт од тоа ги запалил сите банкноти евра, односно 1600 евра. По обавениот разговор со пријавениот во ПС Прилеп тој се согласил да врати дел од парите, односно вратил 1.200 евра, кои со потврда за вратени предмети и се вратени на оштетената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.