Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн денеска ја демантираше информацијата објавена во медиумите дека е можно Шкотска да ја заддржи британската фунта, дури и доколку Шкотланѓаните на референдумот изгласаат независност.
Резултатите од анкетите покажуваат дека прашањето која валута ќе ја корсити независна Шкотска зазема важно место во размислувањата на шкотските избирачи во пресрет на референдумот за независност, што ќе се оддржи на 18 септември.
Многумина се загрижени за економската неизвесност што ќе ја донесе новата валута доколку се изгласа завршување на унијата со Англија, што трае цели 300 години, наведуваат британските медиуми.
– Напуштањето на Велика Британија значи и напуштање на британската фунта – порачаа денеска во заедничко соопштение Озборн и главниот секретар во Министерството за финансии Дени Александер.
Шкотските националисти сакаат да делат валутна унија со Велика Британија и да ги заддржат услугите на Англиската банка, но трите водечки британски партии соопштија дека нема да го прифатат овој план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


