ПС „Берово“ поднесе кривична пријава за Г.А.(28) и Т.К.(43), двајцата од Берово, референти за превоз и дотур во ЈП „Македонски шуми“ ПЕ-ШС „Малешево“-Берово, за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата.
Во периодот од јули 2012 година до февруари 2014 година, пријавените врз основа на одобренија издадени од ШС „Малешево“-Берово за сеча на букова дрвна маса лажно изготвувале испратници со количина над дозволената, а испратниците ги потпишувале во име на сопствениците на парцелите.
На овој начин пријавените причиниле материјална штета на ШС „Малешево“-Берово и на сопствениците од парцелите во вкупен износ од 210.000 денари, од кои за себе противправно присвоиле 90.000 денари.
Во периодот од 5 до 10 март годинава, од страна на полицијата одземени се 400 метри кубни букови дрва, кои биле сместени на повеќе локации во с.Двориште.
Покрај ова, утврдено е дека пријавените иако секојдневно го забележувале транспорт и складирањето на огревните дрва истите не презеле соодветни мерки, со што го оштетиле ЈП „Македонски Шуми“-ШС „Малешево“-Берово за износ од 1.185.877 денари.
ПС Неготино поднесе кривична пријава против лицата Д.П.(65) од Неготино-директор на ЈП Македонски шуми-подружница Демир Капија, Р.Н.(62) од Неготино-самостоен референт во ЈП Македонски шуми-подружница Демир Капија, Б.Д.(53) од Демир Капија-шумочувар и А.Ј.(58) од Кавадарци-шумочувар, поради основи за сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања додека второ, трето и четвртопријавениот сториле кривично дело фалсификување или уништување деловни книги.
Имено првопријавениот во постапка за издавање Дозволи за сеча на второ, трето и четвртопријавениот им одобрил да издаваат Дозволи за сеча на разни физички лица на кои им ги злоупотребиле личните податоци од причини што истите никогаш не поднеле Барање за издавање на Дозвола за сеча.
Со издавање на дозволите пријавените им овозможиле на трети лица да вршат сеча на огревно дрво од државна шума во вкупна количина од 206.5 м3 огревно дрво која што количина истите ја продавале на разни физички лица по цена од 2.700 денари за 1 м3 со што пријавените го оштетиле ЈП Македонски шуми за 231.280 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.