На два дена пред истекот на рокот за пререгистрација на невработените лица, Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) информира дека само
127.083 лица од вкупно 243.085 го сториле тоа. Фондот апелира до невработените лица да се пререгистрираат за да не се создаде ситуација тие да останат без сини картони за лекување.
Најмалку невработени лица се пререгистрирани во Скопје 29.550 (47,10 отсто), Тетово, 20.655 (58,56 отсто), Куманово 14.157 (62,50 отсто), Гостивар 11.534 (65,92 отсто), Струмица 6.260 (51,69 отсто).
Сите потребни документи за пререгистрација се наоѓаат на шалтерите на ФЗОМ и на веб- страницата на Фондот www.fzo.org.mk. Фондот преку својата инфолинија 080033222 и е-пошта info@fzo.org.mk стои на располагање за какви било прашања.
Oсигурениците кои треба да се регистрираат односно пререгистрираат во подрачната служба на Фондот во Скопје, заради заштеда во време и пари, можат тоа да го сторат во задолжителното здравствено осигурување и во истурените шалтери на подрачната служба на ФЗОМ во Скопје сместени во Поликлиниките на Здравствен дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, како и во зградата на Општина Илинден. Пререгистрација може да се направи и во истурените шалтери на подрачната служба на ФЗОМ во Тетово, во поранешната зграда на општина Камењане, во општина Боговиње и во Здравствен дом во Општина Желино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.