| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во штабот на СДСМ во Кочани

SDSM-4

Советник во општина Кочани му удрил шлаканица на пратеник на опозициската СДСМ.

Како што дознава „Прес 24“, вчера во месниот штаб на СДСМ во кочанско Грдовци се случил инцидент во кој најдебелиот крај го извлекол кандидат за пратеник на СДСМ.

– Според нашите информации, советник во Општина Кочани на најголемата опозициска партија незадоволен од составот на пратеничките листи влегол во жестока кавга со еден кандидат за пратеник кој го бранел изборот на Заев. Во еден момент кавгата ексалирала по што советникот му удрил шлаканица на кандидатот за пратеник. Во тој момент се вмешале останатите присутни членови на месниот разгранок на партијата и спречиле тепачката да ексалира – пишува „Пресс 24“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top