Противпожарна екипа со шест возила се обидува да го локализира пожарот што избил во стан на последниот кат во една од кулите на улица Велко Влаховиќ во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Од прозорците од станот се шири густ црн чад, силен мирис на изгорено, а паѓа и пепел. Засега нема информации за повредени.
Полицијата го обезбеди местото околу зградата бидејќи разни парчиња паѓаат од станот што се наоѓа во пламен. Една жена, најверојатно сопственичката на запалениот стан, е изнесена од зградата и со возило на Брза помош е однесена во болница.
фото. Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.