Се запали стан во центарот на Скопје, во непосредна близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“. Сѐ уште не се познати причините поради кои избувнал пожарот. Возила на противпожарната единица се на лице место и се обидуваат да го изгаснат огнот.
Од Противпожарната бригада Скопје најавуваат повеќе информации за подоцна.
Фото: А. Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.