На тајна снимка што се појави на „Јутјуб“, високи турски функционери, вклучлувајќи го и шефот на тајната служба и министерот за надворешни работи, разговараат за можна воена операција во Сирија-поточно за потенцијална инвазија.
Турција сериозно размислува да ја нападне Сирија, рекол турскиот министер за надворешни работи на снимката, кој пред неколку часа се појави во два дела на „Јутјуб“. Кусо потоа Турција го збрани користењето на тој интернет-сервис.
Автентичноста на снимката сè уште не е потврдена, но турските власти одбиваат да расправаат на таа тема. Единствено рекоа дека прислушувањето и тајното снимање не се дозволени.
– Операцијата против ИСИЛ има меѓународна легитимност. Ќе кажеме дека одиме против Ал Каеда, порачува гласот за кој се верува дека е заменикот на секретарот на Министерството за надворешни работи, Феридун Синирлиоглу.
Понатаму во разговорот шефот на службата за разузнавање, Хакан Фидан му порачува на министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу: „Поводот може да се создаде. Само е поттебна волја“.
На снимката разговараат за преземање на контролата над гробницата на Сулејман Шах, која се наоѓа на северниот дел од Сирија. Шахот бил дедо на Осман I, втемелувачот на Османлиското Царство. Јасно е дека таква операција би била дел од предизборна кампања на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.