Иако претходно се тврдеше дека е непартиски кандидат Пендаровски вечерва со директен одговор за припадноста.
И во Гостивар, Пендаровски е без првите луѓе на социјал демократскиот сојуз, впечативо е дека на митингот немаше ниту обраќање на некој од општинската организација на градот, а гооворот на младите социјал демократи беше истиот оној кој се читаше и во Кавадарци. Стево Пендаровски за приоритетите го смета сочувувањето на народот.
„Ни една изборна победа нема да вреди ако Македонија е поразена“, истакна Пендаровски
Говорејќи пред гостиварчани рече дека ќе се залага за еднаквост и правда.
„Од претседателот се очекува да одговори на сите предизвици и да е двигателот на процесите во државата“ вели Пендаровски.
За него мерило за успешен претседател е дали придонел за решавањето на проблемите во државата. Кандидатот за претседател на социјал демократите смета дека решавањето на спорот за името претставува државен компромис. Решението е со внатрешна кохезија и во сојуз со најголемите во светот.
„Во една држава мора да владеат правото и демократијата, правосудството полицијата и сите институции на власта мора да ја гарантираат правната сигурност за луѓето и за правните субјекти- вели пендаровски. Ќе се залагал за демократски вредности , човечко достоинство и граѓански слободи. Не смее никој да го прескокнува уставот и да наметнува други вредности кои не се заеднички за сите во државата“ додаде Пендаровски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.