Во гостувањето на отвoреното студио Д-р Шиколе зборуваше за иницијативата која спонтано кон иста цел ги собрало интелектуалците, студентите како и најголем број на граѓани на Република Македонија.
-Ние видовме еден голем ентузијазам, една голема заложба, една професионална посветеност која резултираше со подобрување на животот во сите сфери на општеството во Република Македонија, односо резултираше со подобра Македонија. Тоа е она што не инспирира да го предложиме бидејќи ваков човек кој во својот отчет ја сумираше целокупната своја работа и прикажа еден импозантен опус од активности на политички план, на економски план, на поле на здравството, на поле на науката, на културата и спортот. Така што тоа ни беше една гаранција дека тој во втрориот мандат ќе прикаже исто таква заложба и тоа ќе донесе уште подобар живот за сите граѓани на Република Македонија, изјави Др. Шиколе.
Тој додаде дека импресионира неговата соработка и синхронизација со Владата на Македонија и се надева дека таквата сработка ќе продолжи и во наредниот период. Др. Александар Шиколе, потенцираше дека претседателот Иванов и неговот семејство се истакнале со бројни донаторски акции кои биле реализирани во здравствените уставнови ширум Македонија, кои допринеле за пуспешен здравствен систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.