| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Талевски: Битола максимално го поддржува Иванов

Иванов има максимална поддршка во Битола. Битолскиот плоштад вечерва е претесен за граѓаните кои присуствуваат на митингот на претседателот и кандидат за истата функција, Ѓорѓе Иванов. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески истакна дека со Иванов секогаш имале одлична соработка и дека сигурно така ќе продолжат и во иднина.

-Претседателот често доаѓа во Битола, одлично соработуваме. Тој е покровител на нашата најголема манифестација „Браќа Манаки“. Секогаш е отворен за разговор, ни пренесува искуства, ни препорачува соработка со други општини, рече градоначалникот.

Битола силно верува дека Иванов уште еднаш ќе биде претседател бидејќи, како што рече градоначалникот, покажа дека сето она што го вети, чесно ќе го исполни.

-Наоравивме наша индустриска зона, благодарение на македонскиот премиер Груевски ја електрифициравме зоната. Со министрите успеавме да донесеме голем гигант „Кронберг и Шуберт“. Тие вработија многу наши граѓани. Иванов често доаѓаше и за време на градбата, ја посетуваше фабриката и по отворањето, рече Талески.

На локалната самоуправа и треба поддршка, а на Владата и претседателот им треба соработка, рече градоначалникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top