Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е убеден дека пехарот наменет за победникот во Примера дивизион може да заврши во витрините на „кралскиот клуб“ иако неговите избраници ги загубија последните два меча.
На осум кола до крајот на сезоната, Реал Мадрид падна на третото место зад Атлетико Мадрид и Барселона. Разликата е три бода од водечкиот и два од каталонскиот клуб.
Одбраната на тимот е во подредена ситуација бидејќи дозволи во двата меча да прими по два гола и да им дозволи на своите противници да дојдат до пресврт на резулатот.
– Екипата падна во деликатна ситуација, но тоа никако не значи дека е завршена борбата за титулата. Сами сме криви што се доведовме до таа ситуација. Сите во клубот веруваме дека можеме да ги исправиме грешките и до крајот да одиме во секој натпревар на победа. Против Севилја го котролиравме резултатот, но си дозволивме да примиме два гола од контра. Попушти концетранцијата и комуникацијата на играчите – изјави италијанскиот стручњак на клупата на Реал Мадрид.
Проблемот може да настане ако Реал до крајот на сезоната има ист број бодови со Атлетико или Барса бидејќи и во двата дуела има негативен биланс.
Мадриѓаните се во борба уште за два трофеја оваа година бидејќи ќе играат во финалето на купот на Шпанија против Барселона и Лигата на шампионите во четврт-финалето против Борусија Дормунд, која ги спречи во ланското полуфинале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)



