| четврток, 6 декември 2018 |

Телевизор во детската соба ја поттикнува дебелината

Според резултатите на едно американско истражување, децата кои имаат телевизор во својата соба се во поголема опасност од дебелина односно за една година просечно имаат по половина килограм повеќе.

Со четиригодишното истражување биле опфатени 6.500 деца на возраст од 10 до 14 години. Истражувачите веруваат дека ризикот од дебелина бил зголемен порди изложеноста на телевизиските реклами за така наречената брза храна и недостигот од сон.

И претходните истражувања покажале дека гледањето телевизија ја намалува активноста кај децата.

Резултатите покажуваат дека 59 отсто од децата вклучени во истражувањето имале телевизор во детската соба, а исто така се проценува дека во САД повеќе од една третина од децата имаат вишок на килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top