На престојните предвремени парламентрни избори, Руфи Османи, лидерот на Националната демократска преродба (НДП) ќе ја предводи листата за кандидати за пратеници во шестата изборна единица. На второто место на листата за шестата ИЕ се наоѓа поранешниот пратеник Изет Зеќири од Тетово. Ова го решило раководството на партија на последниот состанок. За носители во другите изборни се избрани кадри што уживаат висок рејтинг меѓу членството, се наведува во соопштението на НДП.
Во изборната единица седум носител на изборната листа на НДП за Европа е Енвер Османи, по потекло од гостиварско Дебреше, вработен во осигурителна компанија во Швајцарија. Во изборната единица два носител на изборната листа на НДП е Џезаир Шаќири. Во струшко-охридскиот регион, на првите две места на листата ќе бидат Ардијан Демири и Артан Дика.
Составувањето на изборната листа во изборната единица еден ќе биде во законскиот рок, по завршување на дополнителни консултации, се наведува во соопштението на НДП.
Централниот одбор го задолжило раководство на НДП да го усогласи редоследот на изборните листи и притоа да бидат земени критериумите на професионалност, чесност, изборната вредност и сеопфатната територална застапеност.
Во последниот пратенички состав НДП имаше двајца претставници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Османи: Стенковец ќе добие меморијален центар на албанскиот холохауст во спомен на избрканите од војната на Косово
-
Османи – Аселборн: Решението ќе го најдеме гледајќи во иднината
-
Османи: Кампањата за референдумот ќе биде информативна, а не пропагандистичка