Ноќниот клуб „Лолипоп“ во Куманово ќе биде домаќин на првиот фестива на македонски диџеи, кој ќе се одржи оваа сабота.
На фестивалот со свои сетови ќе настапат неколку наши познати диџеи. Фестивалот ќе почне на полноќ, а ќе трае до 5 часот наутро.
Диџеите настапуваат по следниот распоред: диџеј Петруш со аренби и хип-хоп, диџеј Ике со сет од комерцијален хаус, диџеј Ненат Омен со теч хаус, диџеј Були со бластер битс и диџеј Саша Вакс со електрохаус.
Влезот е 100 денари на билетарницата на „Лолипоп“, а ова е прво издание на фестивалот кој најавува уште неколку слични забави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.