| четврток, 6 декември 2018 |

Лукијан: Знаев дека ќе победи Даниел и пред финалето

lukijan-ivanovic

Учесникот на „Икс-фактор“, Лукијан Ивановиќ, не е разочаран од четвртото место. Младиот кантавтор за српски „Телеграф“ вели дека од почеток знаел дека Даниел Кајмакоски ќе биде победник затоа што бил најдобар меѓу нив.

– Кајмакоски го запознав по кампот и тогаш ми беше јасно дека тој ќе победи затоа што се гледаше дека има зрелост, искуство и најдобар вокал во оваа прва сезона на „Икс- фактор“ – вели Лукијан.

daniel-kajmakoski

Лукијан моментално се одмора во семејниот дом, а за неколку дена ќе продолжи со работа на неговата нова песна во што му помага неговата менторка Емина Јаховиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top