| четврток, 6 декември 2018 |

Дождлив четврток

dozd

Последниот четврток овој март носи дождливо време. Врнежите почнуваат претпладне на запад, попладне ќе ги имаме низ целата земја, а вечер на исток. Во јужната половина од Македонија врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи. На планините, на височна над 1.700 метри ќе пажа снег.
Во текот на денот ќе дува умерен, локално и до засилен ветер од југоисточен правец.

Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе биде во дијапазонот меѓу 11 Целзиусови степени и 14 Целзиусови степени во поголем дел од населените места, а на југоисток околу 15 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува облачно време со врнежи, кои ќе бидат позначителни во текот на попладнето. Ќе дува претежно умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 3 Целзиусови степени, а максималната околу 13 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top