| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една мистерија во Боингот 777: Кој пробал да ја испрати последната порака пред падот?

INDONESIA-MALAYSIA-MALAYSIAAIRLINES-CHINA-TRANSPORT-ACCIDENT

Исчезнатиот лет на Малезија Ерлајнс го испратил последниот, неочекуван сигнал, осум минути по неговиот последен „пинг“.

Боингот испраќал редовни автоматски сигнали на сателитите на секој час. Тие седум редовни „пингови“ помогнале за исцртување на претпоставената линија на движење на авионот, која наводно завршува во јужниот Индиски океан.

Но, според најновите информации постојат индиции дека авионот се обидел да испрати уште еден, последен контакт со сателитот, осум минути по последниот рутински контакт.

– Имаме докази дека делумно е воспоставен контакт меѓу авионот и контролата во 00.19 часот. За сега не ја разбираме природата на тој сигнал, изјавил малезискиот министер за сообраќај.

– Изгледа како авионот да почнал да испраќа порака која од некоја причина е прекината. Може да станува збор за тоа дека авионот бил во катастрофална фаза на својот лет. Нешто го предизвикало уривањето, или дошло до атмосферско пореметување, изјавил експертот за воена електроника Томас Витингтон за британски Телеграф.

– Дали член на посадата се обидел да испрати порака? Дали авионот се обидел да испрати порака? Дали дошло до дефект? Одговори на овие прашања ќе имаме само ако успееме да ги најдеме црните кутии, рекол Витингтон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top