| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Ромпуј: Анексијата на Крим е срам за 21. век

rompuj

Европската унија и САД нема да ја признаат незаконската анексија на Крим која е срам на 21. век, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј по самитот ЕУ-САД во Брисел.

Ван Ромпуј истакна дека прв приоритет е намалување на тензиите и во таа смисла како позитивни чекори ги наведе руската поддршка за набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина.

Тој истовремено предупреди дека Европејците и Американците се подготвени да ги интензивираат санкциите за поединци ако продолжи ескалацијата на украинската криза.

– Санкциите се крајно средство. Цел е решение до кое ќе се дојде со преговори со почитување на украинскиот суверенитет и меѓународното право, истакна ван Ромпуј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top