| четврток, 6 декември 2018 |

Француска компанија донираше училишен прибор за децата со посебни потреби во Македонија

pribor

Висококвалитетен училишен прибор (дрвени боици, фломастери, моливи и гуми,пенкала) добија најмладите од неколку државни основни училишта и институции за деца со посебни потреби во Република Македонија.
Станува збор за донација на францускиот производител на училишна опрема БИК. Акцијата за дарување, соопштија од компанијата, е организирана во посебните основни училишта „Др.Златен Сремец“ и „Иднина“, Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци „Ранка Милановиќ“ и Центарот за рехабилитација- Скопје, како и во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола, ПОУ „Климент Охридски“- Ново Село, ЗЗР „Бања Банско“ – Струмица и ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес.

Целта на акцијата, како што се наведува, е да се подигне јавната свест за поддршка и помош на оваа група деца и младинци, да се потенцира нивната еднаквост во општеството и да се укаже дека децата, без разлика на статусот, имаат еднаква инспирација, желба и мотив како да се изразат преку цртање, боење и пишување.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top