Хрватскиот фудбалски репрезентативец Јоспи Шимуниќ ќе ја продолжи борбата со ФИФА околку неговата суспензија од десет натпревари за националниот дрес што го оддалечува од СП во Бразил.
По одбивањето на жалбата во комисијата на ФИФА адвокатскиот тим на Шимуниќ правдата ќе ја бара на рбитражниот спортски суд во Лозана.
Шимуниќ беше казнет со десет натпревари поради поради дискриминација и усташко сkаnдирање по завршуувањето на бараж мечот против Исланд преку кој Хрватска се пласираше на СП во Бразил оваа година.
Адвокатскиот тим на Шимуниќ најави дека ќе оди до крај и ќе докаже дека ФИФА е заложник на големосрпско лоби.
Како што најавија хрватски медиуми од ФИФА добиле признание за грешката и дека тие биле заложници на големоспрско лоби и големосрпска политика во која наседнале и некои хрватски политичари.
До почетокот на мундијалот остануваат уште два и пол месеци и во тој период треба да се реши прашањето на Шимуниќ дали ќе учествува на СП или како што беше првично казнет дека нема право нити да ги гледа своите соиграчи во живо од стадионите во Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.