Претседателот на Барселона Хосеп Бартомеу најави дека клубот ова лето планира да потроши 60 милиони евра.
Приоритет на клубот е да се продолжат договорот со Лионел Меси и тренерот Тата Мартино.
– Меси е симбол на Барселона и не размислуваме да го продадеме. Тоа никогаш нема да се случи. Мартино изрази желба да остане и следната сезона. Во разговорите со него клубот треба да се засили на две позиции, централен дефанзивец и голман. Трансфер буџетот ќе изнесува околу 60 милиони евра, но ако е потребно спремни сме да потрошиме и двојно повеќе – изјави Бартомеу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.