| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина уапсени поради малверзации со земјоделските субвенции

lisici-race-pr

Шест лица се уапсени ноќеска во голема полициска акција против група која правела разни малверзации со доделување на субвенции во земјоделството, потврдува утрово Министерството за внатрешни работи.

Од МВР велат дека во текот на ноќта се уапсени шестмина кои се товарат за најразлични кривични дела, додека по уште едно лице се трага, но се верува дека веќе ја напуштил државата.

Според првичните информации, приведени се вработени во Агенцијата за ветеринарство и Инспекторатот за земјоделие, но и од приватни ветеринарни станици и сточари.

Повеќе информации за акцијата полицијата најавува за подоцна во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top