| четврток, 6 декември 2018 |

Ако не сака Филе ќе дојде Борисов, бугарскиот премиер утре во Скопје

Неколку дена откако на прес конференција со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ најави дека ќе се сретне со македонскиот колега Груевски  бугарскиот премиер Бојко Борисов пристигнува во Македонија

Борисов кој во вторникoт на изненадување на бугарската јавност изјави дека односите со Македонија се одмрзнуваат во Скопје доаѓа да разговара за договорот за пријателство на кој инсистира Бугарија.

Според неофицијалните најави од Софија, Борисов во Скопје ќе пристигне утре во попладневните часови по што ќе има средба со премиерот Никола Груевски.

Вчера министерот за надворешни работи Никола Поповски во интервју за бугарските медиуми изјави дека Бугарија мора да прекине со медиумската кампањата против Македонија и дека во земјава не се води антибугарска политика.

Според Попоски Македонија не бега од договор за пријателство но дека многу поважно е како во практика се однесуваат политичарите во двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top