| четврток, 6 декември 2018 |

Соперници на Земјата, соработници на небото: Руско-американска посада полета во вселаната

sojuz kosmonauti

Посадата со двајца руски космонаути и еден американски астронаут заминаа со руската ракета Сојуз кон Меѓународната вселенска станица, оставајќи ги зад себе политичките несогласувања на САД и Русија околу состојбата во Украина.

Сојуз полета од космодромот Бајконур во Казахстан, а патувањето до истражувачката лабораторија вредна 100 милијарди долари  требаше да траат шест часа, но поради одредени проблеми посадата ќе стигне таму дури утре. Космонаутите не се во опасност затоа што Сојуз има доволно залихи, изјави коментаторот на мисијата, Роб Навиас за НАСА ТВ.

Меѓународната вселенска станива се наоѓа на 418 километри над Земјата, а со пристигнувањето на новите членови, посадата повторно ќе биде во полн шесточлен состав.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top