| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц денеска на заедничка средба со Јолевски и Василакис

nimic

 Во Њујорк денеска околу 9 часот по локално време ќе почне средба посветена на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Специјалниот пратеник во разговорите за името, амбасадорот Метју Нимиц, заеднички ќе се сретне со македонскиот посредник, амбасадорот Зоран Јолевски, и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, јавува дописникот на МИА од Вашингтон.

Средбата, која се очекува да трае неколку часа, ќе биде проследена со прес-конференција во седиштето на Обединетите нации.

Вчера во Њујорк веќе се одржа вообичаената одделна средба на Нимиц со Јолевски. Пратеникот Нимиц пред заедничките средби со Јолевски и Василакис вообичаено одржува одделни разговори со нив.

Ова е прва средба во форматот во Њујорк по крајот на октомври. На овие разговори Нимиц не го криеше разочарувањето од исходот, и изјави дека меѓу двете страни остануваат големи разлики по прашањето за името.

Тема на овие разговори беше „априлскиот предлог” на Нимиц, од чие предлагање помина скоро една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top