| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Клучна цел е да се врати граѓанинот на пиедесталот на политичкиот живот

grom stevce zoran pretsedatel (4) (Custom)

Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски, на вечерашниот митин во Гостивар порача дека нивната клучна цел е да се врати граѓанинот на пиедесталот на политичкиот живот.

– Во изминативе двесетина години партиските интереси преклопија се и не оставија простор за граѓанската вистина – рече Поповски.

Тој исто така истакна дека нема отстапување од уставното име и идентитетот на македонските граѓани.

– Нема да дозволам да нема дијалог и за секоја караница во државата да викаме меѓународни фактори да не помируваат. Тоа не е достоинствено за Македонија и за нејзините граѓани – порача Поповски од Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top