Премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Струга за поддршка на претседателскиот кандидат на партијата и актуелен претседател, Ѓорге Иванов, истакна дека Иванов умее да обединува и да работи за националните и државните интереси.
Премиерот истакна дека Иванов во изминатите пет години работеше напорно и одговорно и неговите позиции за името се сосема јасни, а токму народот е тој што одлучува.
-Тој е прв претседател во историјата на Македонија кој на изборите излезе со програма и даде отчет за сработеното на транспарентен начин. Зад Иванов стојат вредностите и делата, зад него стојат луѓето кои што заедно со него работеа на реализација на две илјади проекти – потенцираше Груевски во својот говор.
Тој истакна дека сите тие дела и нивните резултати се видливи, мерливи и реални.
Говорејќи за Иванов Груевски потенцираше дека луѓето што го поддржуваат актуелниот претседател се луѓе кои што досега реализирале над 2000 проекти.
Меѓу нив се проекти какви што досега не реализирал никој во историјата на земјата, отворени се 117 000 нови работни места, сериозно зголемени платите во екот на најголемата економска криза во ЕУ започната многу крупни инфраструктурни проекти како автопатишта, голем број странски инвестици, реформи во сите сфери и др.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



