| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски најави нова германска инвестиција, овој пат во охридско-струшкиот регион

gruevski-struga-123
Германска компанија за производство на автомобилски делови и електроника одлучи да инвестира во Македонија. Премиерот Никола Груевски на митинг на претседателскиот кандидат Иванов во Струга најави дека оваа нова инвестиција ќе се реализира токму во охридско-струшкиот регион.
-Денеска попладне добив информација дека германска компанија донесе одлука за изградба на фабрика за производство на автмобилски делови и тоа во охридско-струшкиот регион – рече Груевски, кој истакна дека се’ уште не смее да го открие името на инвеститорот, но нагласи дека станува збор за инвестиција која што на почетокот ќе функционира како браунфилд инвестиција додека не изградат нова фабрика.Груевски нагласи дека во оваа фабрика ќе се вработат многу луѓе од Охрид и Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top