Руската делегација на Нуклеарниот безбедносен самит во Хаг оцени дека украинските нуклеарни постројки се загрозени поради неспособноста на новата Влада во Киев, а не поради Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Соопштението уследи како одговор на обвинувањата на претставниците на Украина на Самитот кои тврдеја дека Русија наводно ги загрозува украинските нуклеарни објекти и побараа странска помош за нивна заштита.
– Ова не е ништо друго туку обид за префрлање на вината – се посочува во соопштението на руското МНР.
Исто така се изразува и загриженост поради иницијативата на група украински пратеници Киев да се повлече од договорот за неширење на нуклеарно оружје, што претставува сериозна закана за договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



