| четврток, 6 декември 2018 |

Отворено јубилјеното 40. издание на Саемот за мебел

mebelSaem20145

Најновите трендови во производството на мебел од денеска се претставени на Меѓунродниот саем за мебел. Над 180 домашни и странски компании и 430 брендови се претставени во вкупно девет хали на Скопскиот саем.

Саемот за мебел вообичаено се карактеризира со најголем број учесници и посетители. Раст бележи присуството на домашни компании од 20 проценти, што според организаторот укажува дека оваа индустрија е во подем.  Покрај од Македонија, учествуваат компании од Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Турција и Шведска.

Саемот нуди интересни и оригинални ентериерни уредувања кои покрај мебел за домот, го трасираат трендот за модерни кујни, елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, за канцелариски мебел, но и за уредување градини, а ќе понуди и најнови технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за преработка на дрва.

Саемот официјално го отвори вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Ова е јубилејно 40-то издание на Саемот за мебел. Според Дејан Кошутиќ од Скопски саем, оваа саемска манифестација со текот на годините стана вистинска берза на оваа индустрија. Место, како што рече, за средба на производителите, трговците и купувачите од земјава, регионот и пошироко.

Во рамки на саемот се одржува и изложба насловена „Сјајност“ – Living smart on a Swedish way, на реномираната  шведска авторка со српско потекло Александра Стратимировиќ. Изложбата нуди увид во современиот шведски дизајн на расветни тела од пет водечки компании. Целта е да се развие сорботка меѓу македонски и шведски компании од оваа индустрија.

Ексклузивен партнер на Саемот на Мебел 2014 е „Порше Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top