| четврток, 6 декември 2018 |

Говорот на премиерот Груевски на почетниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Во целост ви го пренесуваме интегралниот текст од премиерот Никола Груевски на почетниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа вчера во Охрид.

vmro-miting-19
Добро вечер Охрид,
Добро вечер Македонијо,
Добро вечер за најголемата политичка сила во Македонија, коалицијата за подобра Македонија и добро вечер за партијата која стана вистинско движење,
Добро вечер – ВМРО ДПМНЕ,

Драги пријатели, традиција е нашиот караван на секоја кампања да почнува од Охрид. Од Охрид тргнува походот кон уште една нова победа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.
Од Охрид ќе почне гласот, кој ќе се шири низ целата наша држава, гласот на народот, гласот кој ќе ја раскажува нашата идеја, нашиот пристап, нашите вредности, кој ќе укажува на разликата меѓу нас и нашите противници, кој ќе ги покажува нашите дела, наспроти нивните недела, гласот кој ќе грми во секој град и секое населено место, гласот кој ќе биде нашиот столб, гласот на народот, кој гледа и прави разлика, кој не подлегнува на никакви манипулации туку дава доверба врз основа на конкретни дела и исполнети ветувања. Токму тој глас на народот е нашата поткрепа сиот овој изминат период. Тој не крепеше и ни даваше сила да се бориме со сите предизвици на кои наидувавме. Народот е нашата сила, а народот ја прави Македонија тоа што е.
Големината на нашата држава не е во нејзините пропорции, ниту пак е некој апстрактен поим или мит, туку големината на нашата држава е во нејзините луѓе, во нивните судбини, нивната иднина, и историја, нивната жилавост и пркос, во нашиот порив и посветеност.
Нашиот народ е нашата држава, и затоа велиме, од Охрид ќе почне да ечи:
Државата пред се, Македонија пред се! Луѓето пред се!

Вечерва од нашиот Охрид започнува новиот поход кон победата на ВМРО и коалицијата, како и на претседателот Ѓорѓи Иванов на престојните претседателски избори во Македонија,
вечерва започнува одбројувањето до 8мата по ред победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

Тргнувајки од Охрид, ние во наредните недели почнуваме да ја бараме довербата и подршката на нашите граѓани, на македонскиот народ, од турците, ромите, србите,бошњаците,власите, еѓипјаните, но и од мнозинството албанци во Македонија, и од сите наши граѓани.

Јас цврсто верувам, а имам и аргументи за тоа, дека овие избори нема да бидат само осма по ред победа и доверба, туку истовремено и 9та, но во духот на изборните правила вечерва ќе се воздржам од таа аргументација, и ќе говорам само за претседателските збори, а наскоро драги охриѓани ќе се видиме повторно во нашиот караван за предвремените парламентарни избори во Македонија.

Драги пријатели,

Претседателот Ѓорѓи Иванов,во рамките на неговите ингеренции, во изминатите 5 години работеше напорно и одговорно за Македонија и сите граѓани на Македонија.
Тој покажа огромна активност, ангажираност, упорност и вложи огромен труд во правец да ја оправда довербата на народот и да помогне секаде и секому каде што може, а пред се да помогне на Македонија и на државните и националните интереси.
А тоа не е воопшто лесно.
Неговиот мандат не беше во лесно време. Тоа е време во кое во целиот негов 5 годишен период светот, а потоа и Европа се соочуваат со економски кризи од огромни размери, кои сменија многу работи, ги сменија приоритетите на земјите, сменија погледи на многу нешта, ја направија Европа поинаква од претходно. Влијаеја и на другите политики на државите.
Тоа е време кога светската криза и европската должничка криза силно негативно влијаеја на Македонската економија, и кога беше исклучително важно владата да има меѓусебна доверба и соработка со претседателот на државата. Таа соработка и доверба со Ѓорѓе Иванов нам како влада многу ни помогна во спроведувањето на политиките за пребродување на овие тешки времиња. Тој цврсто застана зад реформите на владата, без никакво нивно попречување, напротив отворен секогаш да помогне, затоа што Горги Иванов знае дека помагајќи на тој план, помага на народот и на Македонија. А народот знае да направи разлика.
Зошто го потенцирам овој дел. Затоа што ние имаме и едно друго искуство, со друг човек на таа позиција, кој секогаш тргнуваше од своите лични интереси, па потоа партиски интереси, па дури на последното место му беа државните и националните интереси. Тој човек имаше и свој претседател на државната изборна комисија кој му одработи крајно нечесни избори, а потоа доби награда да му биде личен советник. Тој негов советник, чие име е Стево, а презиме Пендаровски,  денеска е противкандидат на претседателот Иванов, и сака да ја придобие довербата на народот за таа функција и да ги врати методите на неговиот ментор, неговиот шеф, гуру и идол Бранко Црвенковски. На Македонија не и треба нов Бранко или негов советник, нов сплеткарош и интригант, манипулант и човек со ставови исти како оние на Бранко. Кандидатот на Бранко нема да ја добие довербата на македонскиот народ и на мнозинството граѓани на Македонија, затоа што помина бранковото време, и не може со вакви подметнувања на негови пиони повторно да ги киднапира и стави во залог за свои лични интереси, интересите на Македонија и народот во неа. Таа приказна повторно нема да помине.
Во овие 5 години, граѓаните имаа можност да видат што е чесен човек, за претседател. Ама не само да дојде на позицијата како чесен, туку чесно и да го заврши доверениот мандат. Многумина дошле чесни, но заминале нечесни. Ако човек е нестабилен, незрел, лаком, ако не му е приоритет неговиот народ од кого ја добил довербата, не треба 5 години, уште во првата и втората година тоа се забележува со голо око. Не само по материјалните прашања, туку и по националните и државни прашања и интереси.
Е тука, на овој план, Ѓорги остана оној Ѓорги за кој ви говорев на митинзите пред 5 години. Тогаш многумина од вас не го познаваа,и го познаваа малку, многумина ми велеа го подржавме оти вам ви веруваме, не можеме да знаеме каков ќе биде кога ќе му ја дадеме довербата, позицијата, мандатот… но денес, и ние кои тогаш ја баравме вашата поддршка за Иванов, и самиот Ѓорѓи Иванов можеме со исправена глава да застанеме пред вас, да ве погледнеме во очи и  да кажеме: овој човек ја оправда дадената доверба и го заслужи вториот мандат од народот. Таков човек и треба на Македонија: стабилна личност, зрела личност, многу активен, борбен и упорен кога треба да се бори за државата и народот. Но 5 години подоцна, можеме да кажеме и дека Ѓорѓи Иванов е и претседател со големо искуство.
Наспроти него е советникот. Не е лоша работа да се биде советник. Но прашањето е какви совети си давал. А по постапките на неговиот шеф, видовме какви биле советите. Ако пак не е така, тој ќе се повлечеше од функцијата советник или ќе се оградеше. Не, спротивно на тоа, исто како и Заев, тие се гордеат со ликоти  делото на транзицискиот манипулант и уште Заев додава дека приватизацијата била направена исправно, демек и тој на местото на Бранко исто би постапил. Оние 200 илјади работници би ги избркал од работа, и би направил закон со кој предност при речиси бесплатната приватизација би имале луѓето од неговата банда. А потоа, би ја свиткал кичмата, за што треба, па и за она за што од никого не добил мандат и доверба и за што генерации и генерации се бореле и гинеле.
Но, не е клучното само какви совети давал Пендаровски, уште поважно е како стана советник, а стана откако партијата ДУИ направи дил со Бранко Црвенковски, тие нему да му ги наполнат кутиите и да стане претседател, а тој ним законот за територијална распределба, сосе Кичево и Струга, и Сарај и Кондово. Е тука е она што ви говорев пред малку, кога велев, личните пред државните интереси. Но за тоа да се оствари требаше само една работа, да се најде претседател на ДИК, кој сето ова ќе го легализира. И се барало, се барало, и се најде…Кој? Стево Пендаровски. Тој го легализираше масовното полнење на кутиите на изборите кои ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ги призна,и никогаш Бранко Црвенковски не го нарече претседател. Стево за таа одработена задача доби награда советник, а сега кандидатура за претседател.
Бранко Црвенковски  5 години ја узурпираше таа функција, но не се осмели и обиде повторно да побара доверба за втор мандат. Но ни спакува ТРОЈАНСКИ КОЊ.
За разлика од нив,  Иванов, Чесно го доби, и чесно си го истера мандатот. Без игри, манипулации и интриги. Без било какви договори на грбот на народот. Но, таков човек не одговара секому. На пример не одговара за раководството на партијата ДУИ, и за некои нивни ментори.
А знаете ли зошто? Знаете ли зошто некому Ѓорги Иванов не му одговора за претседател?

Затоа што со претседателот Иванов нема компромиси кога станува збор за интересите на македонскиот народ и на сите граѓани на Македонија.
Не е затоа што Иванов не бил консензуален кандидат како што вели раководството на ДУИ. Тие добро знаат, дека претседателот Иванов беше еден за сите, и се грижеше за секој човек, и се бореше за добро на државата и сите нејзини граѓани, и ги почитуваше подеднакво и македонците и албанците, и ромите и србите, и бошњаците и власите, и египјните, и христијаните и муслиманите, секому почит, секој знаеше да го прими, ислуша и ако може да му помогне, Затоа на 13ти и 27ми април мнозинството од сите националности и верски припадници ќе му ја доделат нивната доверба. Тој никому не направи ништо лошо, туку каде можеше правеше само добро. народот тоа го знае. Знае и колку се бореше за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, остваруваше огромен број средби во тој правец, лобирања и убедување на огромен број политичари, претседатели, премиери, министри и други влијателни луѓе. Народот знае и колку цврсто стоеше зад сите напори на владата да и се помогне на Македонија. Јас се борев на пример да добиеме екстра поволни услови од Кина за финансирање на автопатите, тој истото го правеше кога одеше таму. Владата се бореше да се потпише договор за јужен тек и да се обезбеди енергетската иднина на Македонија, но паралелно и Иванов со неговите силни меѓународни активности го правеше истото. Ние се боревме да привлечеме инвестиции, но Ѓорѓи не подржуваше. Ги подржа сите закони заради кои инвеститорите почнаа да доаѓаат. СДСМ беше против тие закони. Ако претседателот Иванов тргнеше по умот на СДСМ, ќе се соочевме со многу потешкотии во создавањето терен за донесување и на Дракселмајер, ина Кромберт и Шуберт, и на Џонсон Мети, и на Ван Хул, или Амфенол, или било кој друг што отвори нови работни места, и што допрва ќе отвораат, Ѓорѓи имаше слух за се што е прогресивно. Имаше и доблест, да укаже на се што му се чинеше ризично или несигурно, но на начин кој не е сензационален, плукачки, туку мудро и низ разговор и дијалог, без обиди да се ќари некое политичко поенче на грбот на некој кој дава максимум да и помогне на земјата. Затоа СДСМ и медиумите кои се под нивна контрола силно се обидуваа да го испровоцираат, со многу лични навреди, нарекувајки го со секакви погрдни и навредливи зборои зборови, сакајки да го омаловажат и понижат, се со цел, да го оттргнат од исправниот концепт на комуникација со владата и народот, концепт на дијалог, дебата, размена на аргументи и идеи без меѓусебно јавно плукање и навредување, затоа што Ѓорѓи е зрел и стабилен човек и знае дека на тој начин не се решаваат проблемите и не се постигнува целта. И тука од ова место, сакам да му честитам на силата, мудроста, присебноста и капацитетот да одолее на сите можни лични навреди и провокации од политичките противници и медиуми под нивна контрола, и да  изоди еден успешен пат, пат по кој ќе продолжиме заедно кон уште поголеми успеси за Македонија и за секој нејзин граѓанин.
Нашата и негова цел и понатаму ќе биде НАТО и ЕУ, нешто што Македонија одамна го заслужи и изработи, ќе продолжиме со борбата за достоинствен излез од ситуацијата која ни ја наметна нашиот јужен сосед, и со внимание на нашите национални и државни интереси.
Нашата и негова цел и понатаму ќе биде реформи за напредок на земјата и за отворање на нови работни места и дела за Македонија и за целиот народ,со заеднички сили, затоа што заедно можеме повеќе.

Нашата и негова цел и понатаму ќе биде реформи за напредк на земјата иза отвоање на нови работни места и дела за Македонија и за целиот народ,со заеднички сили, затоа што заедно можеме повеќе.
Ѓорги и во следниот мандат ќе биде еден претседател за сите граѓани од сите етнички заедници и религиски групи, му се допаѓало тоа на раководството на ДУИ или не. Ние подржуваме таков пристап.
А намерата на ДУИ, да нивното раководство одбира претседател, наместоцелиот народ и сите граѓани на земјата, таа желба да се приграби она што му еддено на народот со уставот да тој одлучува а не партиската  врхушки на ДУИ, ќе биде пресретната,не само од македонците, туку иод албанците, турците, србите, власите,ромите, боѓњаците и сите останати.
Со масовно излегување и подршка на претседателските избори, албанците во Македонија, нема да дозволат, нивното гласачко право, да биде одземено и предадено на Ахмети неколку луѓе околу него. Тие за она што го пошитуваат од него, му даваат подршка, но кога ќе се дрзне да им го одземе правото на гласза избор на претседател, ќе добие негативен одговор преку масовна излезност на претседатлките избори во двата круга.

А како што со Иванов заедно работевме на обезбедувањето на пет последоватлени позитивни извештаи на Европската комисија за напреодкот на Македонија кон Европската унија и пет препораки за почеток на пристапни преговори за членство на Македонија во Евроспката Унија, на визната либерализација, на привлекувањето на странски инвестиции и обезбедување на нови работни места, на подобрување на стандардот на земјоделците, пензионерите, социјалците, младите, работниците, како што заедно се трудевме да ги подобриме условите во болниците, обезбедувавме најсовремена опрема за здравството, градевме и градиме школи, патишта и автопатишта, железници, како што соработувавме на реализација на повеќе од 2000 проекти во овој 5 годишен период со негово разбирање, подршка, и не опонирање на делата кои даваат нови можности за народот, подобри услови, повеќе корист……..така ќе продолжиме со негова поддршка и кон новите заедники цели…..Македонија да продолжи да чекори и да ги оствари европските и евроатлантски интеграции со почитување на државните и национални интереси, принципиелно и одговорно, и со почитување на волјата на народот, да продолжиме да ја намалуваме невработеноста и да ја зголемуваме вработеноста, да се вработуваат граѓаните, да се инвестира во капиталните добра кои ја помагаат и економијата но имаат и голема и широка корист за народот од секоја нација и секоја вера. Да продолжиме да чекориме по патот на успехот. Мудро, достоинствено, со многу работа!

Драги пријатели,
Ќе завршам со говорот како што почнав.
Големината на Македонија не лежи во нејзината територија, ниту во границите што ја исцртуваат. Големината на Македонија лежи  во нејзините луѓе, длабоко во нашите корени, во секој од нас, во традицијата, во соживотот којшто го градиме со векови, во вредностите коишто ги поседуваат нашите градови и села, и луѓето во нив. Токму затоа кога зборуваме за Македонија во модерниот свет, секогаш треба да тргнеме од себе, од она што веќе го имаме изградено низ вековите, тука на нашата почва. Во нас е силата за успех на државата, во нас, во нашите граѓани, во нашите луѓе. Не треба да се очекуваат некакви чуда, или волшебни решенија, или да се создаваат лажни митови, НЕ!
Од сите нас во оваа земја зависи, и ние сме тие кои треба да засукаме ракави и да продолжиме уште посилно да работиме за државата.
Зато што државата се нејзините луѓе!!!

Државата е пред се!!!!!

Да живее Македонија,
Да живее ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Европска Македонија,
Да живее европска и просперитетна Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top