| четврток, 6 декември 2018 |

Падна уште еден битолски дилер

СВР „Битола“ поднесе кривична пријава за К.П.(29) од Битола, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 25 август минатата година, по извршениот преглед на К.П. од страна на полициски службеници, пронајдени се 0,27 грама хероин.

Исто така, пријавениот во текот на ноември и декември 2013 година, неовластено набавил и им продавал марихуана на две лица од Битола, а при извршен претрес кај еден од нив е пронајдена 1,04 грама марихуана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top