Фудбалерите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Серхио Рамос би можеле да бидат казнети поради критиките што ги упатија кон главниот судија Алберто Ундијано Маљенко, кој ја делеше правдата на Ел Класико.
Двајцата фудбалери по дуелот што го доби Барселона со 4.3, побараа Маљенко да биде отстранет од судиските листи до крајот на сезоната.
– Се надевам дека веќе нема да суди до крајот на првенството – меѓу другото, беше речено од страна на Рамос, додека Роналдо го обвини дека судел во корист на Барселона и дека тоа го терен на размислување како надвор од теренот се прават работи Реал да не биде шампион.
Според законите во Примера, Роналдо и Рамос за ваквите изјави можат да добијат само парични казни, додека суспензија на одреден број натпревари не следува за ваков прекршок.
На девет кола пред крајот во Шпанското фудбалско првенство Реал е прв со 70 бодови, колку што има и второпласираниот Атлетико Мадрид, а Барселона е трета со 69 бодови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.