| четврток, 6 декември 2018 |

Огромна гледаност на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и на интернет

live-event

Преку 50.000 луѓе присуствуваа на синоќешниот митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, што претставува најмасовен митинг на една политичка партија одржан во овој град кога и да е, а заинтересираноста да се проследи митингот беше голема и на интернет, каде што само на „Јутјуб“ во живо го следеле повеќе од 36.000 лица.

Според информациите до кои дојдовме, преносот во живо од предизборниот митинг за промоција на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, во Охрид, само преку „Јутјуб“, каде што директно се пренесуваше, го следеле повеќе од 36.000 лица.

Ако се земе предвид дека видеостримингот се пренесуваше и на други платформи и беше преземен од повеќе интернетски телевизии, тогаш бројката е многу поголема.

Со преносот во живо на „Јутјуб“, ВМРО-ДПМНЕ презентираше нов тип кампања, отворена за јавноста, по примерот на најмодерните партии од западноевропските земји кои ги користат најсовремените информатички достигнувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top