Пендаровски сака да ја придобие довербата на народот и да ги врати методите на неговиот ментор, неговиот шеф и идол, Бранко Црвенковски, изјави вечерва на воведниот митинг во Охрид пред повеќе од 50.000 граѓани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Гуревски.
Груевски нагласи дека на Македонија не и треба нов Бранко или негов советник, “нов сплеткарош, манипулант и човек со ставови исти како оние на Црвенковски“.
-Кандидатот на Бранко нема да ја добие довербата на македонскиот народ и на мнозинството граѓани на Република Македонија, затоа што помина неговото време и не може со вакви подметнувања на негови пиони повторно да ги стави во залог за свои лични интереси, интересите на Македонија и народот во неа. Таа приказна повторно нема да помине – рече Груевски.
Тој потенцираше дека во овие пет години, граѓаните имаа можност да видат што е чесен човек за претседател, ама не само да дојде на позицијата како чесен, туку чесно и да го заврши доверениот мандат
-Не е лоша работа да се биде советник, но прашањето е какви совети си давал, а по постапките на неговиот шеф, видовме какви биле советите. Ако пак не е така, тој ќе се повлечеше од фунцијата советник или пак ќе се оградеше јавно. Не, спротивно на тоа исто како и Заев, тие се гордеат со ликот и делото на транзицискиот манипулант – рече Груевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



