| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: На Македонија не ѝ треба нов Бранко

Stevo Pendarovski univerzalna 01 (Custom)

Иванов покажа огромна активност, ангажираност, вложи голем труд за да ја оправда довербата на граѓаните, да помогне секаде каде што може, а пред сѐ да ѝ помогне на Македонија, да помогне за остварување на државните и националните интереси. Работеше напорно и одговорно за Македонија. Тоа не е воопшто лесно. Но, ние имаме и едно поинакво искуство, со друг човек на таа позиција – претседател на држава, кој секогаш тргнуваше од своите лични интереси, па партиски, а на последно место му беа националните и државните интереси. Тој човек имаше и свој претседател на ДИК, која му ја одработи онаа работа што треба да се заврши тогаш на крајно нечесено спроведени избори. За тоа доби награда да му биде советник во кабинетот. Тој негов човек, чие име е Стево, а презиме Пендаровски, денеска е противкандидат на Иванов, сака да ја добие довербата на народот и да ги врати методите на неговиот ментор, шеф, гуру и идол, Бранко Црвенковски. На Македонија не ѝ треба нов Бранко или негов советник, нов сплектарош, манипулант. Помина Бранковото време – порача Груевски вечерва од Охрид, каде што се одржа првиот митинг од кампањата на Ѓорге Иванов, како кандидат за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.
ohrid.1

Тој потенцираше дека во овие пет години, граѓаните имаа можност да видат што е чесен човек за претседател, ама не само да дојде на позицијата како чесен, туку чесно и да го заврши доверениот мандат

– Не е лоша работа да се биде советник, но прашањето е какви совети си давал, а по постапките на неговиот шеф, видовме какви биле советите. Ако, пак, не е така, тој ќе се повлечеше од фунцијата советник или, пак, ќе се оградеше јавно. Не, спротивно на тоа, исто како и Заев, тие се гордеат со ликот и делото на транзицискиот манипулант – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top