| четврток, 6 декември 2018 |

Нов инцидент со патнички авион на „Малезија ерлајнс“

Авионот Ербас 330-300 со 271 патници полетал од малезискиот главен град  Куала Лумпур, за Инчун во Јужна Кореја, кога во реонот над Јужното Кинеско Море се појавиле проблеми со генераторот за снабдување со струја.

Екипажот не успеала да се справи со проблемите во леталото, па побарала дозвола за принудно спуштање во Хонг Конг.

Авионот успеал безбедно да слета, откако останал целосно во мрак, но патниците морале да останат на своите седишта уште извесно време, пред да им биде дозволено да го напуштат леталото.

Според хонгконшките аеродромски власти, покрената е истрага за овој инцидент, но се верува дека причината за проблемите ги предизвикал дефект на генераторот за струја. Авионот се уште се наоѓа на аеродромот.

Една британска патничка, која била во „Ербасот“ изјави за лондонските весници дека прво се слушнале некакви „необични звуци“ во кабината на авионот, а потоа „чудно крцкање“ по што кабината останала без светло.

– Сите помисливме дека ни нема спас, кога членовите на екипажот ни објаснија оти поради дефекет на авионот, ќе мораме принудно да се спуштиме. Ни рекоа да ги ставиме на себе појасите за спасување,затоа што авионот ќе атерира на морската површина- вели оваа патничка.

Авионот сепак успеал да го продолжи летот до Хонг Конг и да атерира на тамошниот аеродром.

Инцидентот со „Ербасот“ на Малезија ерлајнс доаѓа 16 денови по исчезнувањето на „Боингот 777“ на истата оваа комапнија, со 239 патници, чија судбина и понатаму е нејасна.

Авионот Ербас 330-300 може да понесе 440 патници и е поголем од Боингот 777 кој максимално може да прими 365 патници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top