Директорот на УЈП, Горан Трајковски во денешното гостување на вестите на Сител истакна дека покрај порастот на поднесените даночни пријави кои бележат зголемување секоја година, оваа година се подобрил и квалитетот на пријавите.
Трајковски потенцираше дека речиси 100 насто од фирмите ги поднеле уредно годишните даночни пријави, а помалку од 1 отсто од фирмите не ги поднеле во законскиот рок, најчесто поради процес на претстечајна постапка или постапка на ликвидација.
Трајковски потенцираше дека ќе се продолжи со надградбата на системот на е-даноци.
-Македонија е земја на ниски даноци и ние веќе осма година опстојуваме на таа политика на ниски даноци и покрај сите удари на светската еконмска и европската должничка криза. Во овој контекст ние продолжуваме со надградба на системот е-даноци што значи дека тој ќе биде се побрз, се поефикасен и нашата желба и желбата на бизнис секторот во Македонија, исто и на физичките лица како даночни обврзници е да буквално секоја услуга на УЈП и комуникација на фирмите и граѓаните со УЈП биде по патот на е–даноци – додаде Трајковски.
Меѓудругото, тој најави и електронско издавање на потврди и уверенија за платени даноци, кое треба да почне од 1 април
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трајковски го искачи Палермо на лидерската позиција
-
Трајковски: Ќе им ги вратиме парите на жителите кои финансиски учествувале во изградбата на фекална канализација
-
Трајковски: Благодарност за поддршката во првиот круг, одиме на победа во вториот – за модерна и развиена Гази Баба
-
Граѓаните повеќе нема да ја носат ГДП во УЈП