| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски: 177 600 граѓани во законскиот рок поднеле годишни даночни пријави

goran-trajkovski

Директорот на УЈП, Горан Трајковски во денешното гостување на вестите на Сител истакна дека покрај порастот на поднесените даночни пријави кои бележат зголемување секоја година, оваа година се подобрил и квалитетот на пријавите.

Трајковски потенцираше дека речиси 100 насто од фирмите ги поднеле уредно годишните даночни пријави, а помалку од 1 отсто од фирмите не ги поднеле во законскиот рок, најчесто поради процес на  претстечајна постапка или постапка на ликвидација.

Трајковски потенцираше дека ќе се продолжи со надградбата на системот на е-даноци.

-Македонија е земја на ниски даноци и ние веќе осма година опстојуваме на таа политика на ниски даноци и покрај сите удари на светската еконмска и европската должничка криза. Во овој контекст ние продолжуваме со надградба на системот е-даноци што значи дека тој ќе биде се побрз, се поефикасен и нашата желба и желбата на бизнис секторот во Македонија, исто и на физичките лица како даночни обврзници е да буквално секоја услуга на УЈП  и комуникација на фирмите и граѓаните со УЈП биде по патот на е–даноци – додаде Трајковски.

Меѓудругото, тој најави и електронско издавање на потврди и уверенија за платени даноци, кое треба да почне од 1 април

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top