Дисциплинската комисија на УЕФА му изрече казна на Баерн Минхен поради навредливите транспаренти кои навивачите ги извадија на натпреварот од Лигата на шампионите со Арсенал кој се одигра на „Алијанц арена“. Навредливата содржина се однесуваше на играчот Месут Озил и поради тоа УЕФА одлучи, покрај паричната казна и секторот 124 каде што осамна транспарентот да биде затворен на следниот натпревар на Бавараците од ова натпреварување. Баерн Минхен на 9 април го игра реваншниот меч од четврт-финалето против Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


